Светска банка го одобри Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики за Македонија од 50 милиони долари. Проектот, како што соопшти Kанцеларијата на Светската банка во Македонија, ја поддржува програмата на Владата, насочена кон зајакнување на конкурентноста на стопанството преку мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на вештини. Меѓународната економска криза во 2009 година и тековната должничка криза во еврозоната ја забавија зголемената економска активност во Македонија. Во тој период земјата успеа да одржи стабилна макроекономска состојба и имплементира реформска програма со која постигна фискална консолидација и подобрувања на пазарот на трудот.
Светска банка го одобри Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики за Македонија од 50 милиони долари.
Проектот, како што соопшти Kанцеларијата на Светската банка во Македонија, ја поддржува програмата на Владата, насочена кон зајакнување на конкурентноста на стопанството преку мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на вештини.
- Меѓународната економска криза во 2009 година и тековната должничка криза во еврозоната ја забавија зголемената економска активност во Македонија. Во тој период земјата успеа да одржи стабилна макроекономска состојба и имплементира реформска програма со која постигна фискална консолидација и подобрувања на пазарот на трудот.
Досегашните реформи, исто така, доведоа до значителни подобрувања во деловното опкружување, што ја донесе земјата до 23. место во Извештајот на Дуинг бизнис 2013. Но, лошата економска состојба во еврозоната негативно влијаеше врз економската активност и буџетските приходи. Покрај неодамнешните достигнувања во политиките, економскиот раст не беше доволен да ја намали долгорочната невработеност и сиромаштијата. Предизвикот со кој се соочува Македонија е да ја пренесе својата економија во линија на повисок раст преку развивање поконкурентен и претприемачки сектор ориентиран кон извоз - се наведува во соопштението од Банката.
- Светската банка продолжува да биде еден од најзначајните економски партнери на Република Македонија. Одобрените 50 милиони долари со целосна поддршка на Бордот на Светска банка се показател дека Македонија води квалитетни економски политики и оваа поддршка ќе помогне во значителна мера да се ублажат последиците од европската економска криза - рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Средствата ќе ~ бидат доделени на Република Македонија со каматна стапка шестмесечен Еврибор, кој во моментот изнесува 0,62 проценти, со рок на отплата од 18 години и вклучен грејс-период од 5 години. Средствата ќе бидат достапни за користење откако Собранието на Република Македонија ќе го усвои законот за користење на овие средства и ќе се потпише договор со Светска банка, односно до крајот на годината.